baner
Udruženje za unapređenje i negu kulturne veze i razmene
d1
 » Umjetnost
 » Fotografije
 » Arhiv
 » Mi o nama
 » Kontakt
 » Linkove
 
 
d1 d1

Pogled preko granica


Izložba 2009 03.10. - 18.10.2009

 

.

По трети пат веќе ја имам можноста, или подобро речено честа, или да речам привилегијата, а најдобро да кажам: сето тоа, да учествувам на изложбата «Поглед преку објективот» која ја организира «Јужнословенскиот културенфорум» во Цирих. Како и последниот пат, како и предпоследниот пат, така и оваа година можев да одберам неколку фотографии кои мислев дека на луѓето ќе им се допаднат и како секогаш досега со помош на организаторот се изложи една убава “колекција“. За изложените фотографии добив пофалби, добив и критики, но најмногу добив волја да уште повеќе мислам при фотографирањето.
Но на оваа изложба предходеше изложбата на цртежи од членовите на Форумот, како и представници од Македонија. Ама изложбата не ми делуваше привлечна што ете “Македонија се представува“, изложбата привлекуваше со искреноста на делата на сите учесници на оваа изложба. Дали поради тоа што ете како Македонец осеќав потреба повеќе да се вклучам во сета таа изложба, или затоа што моментите поминати во “галеријата“ беа како “мелем на рана“ за разбивање на “усмереното“ секојдневие кое го живееме во оваа средена држава, ја користев секоја прилика да дојдам и поминам неколку мигови помеѓу делата на тие “уметници-аматери“. Разговорите со авторите на тие дела секако се најважното за сите што сме дошле овде. Секоја пофалба, секоја забелешка беше прифатена како добронамерна и искрена. Исто како што јас се замислував на критиките дадени за моите фотографии. Но пред се восхитувам како така различни луѓе ете сме се нашле и заради само едно заедничко, љубовта кон уметноста, забораваме на секојдневието, на разликите, на проблемите и сите тежини кои ги носиме со себе и ужуваме и се дружиме на ова место.
За жал поминаа тие две недели, ама се наполнивме со енергија за следната изложба, нели сакаме да бидеме секоја година подобри. Не овде нема оценување, не овде не се делат награди. Овде се наоѓаат пријатели, овде човек поминува мигови далеку од секојдневието, и овде ја “чистиме душата“.

Гордан Ристовски


 

 

 

   
   
   
   
   
   
© SKF 2007-2008